СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Еуросупер БС-98 се зголемува за половина денар, дизелот се намалува за половина денар – од полноќ нови цени на горивата

Од полноќ нови цени на горивата. Регулаторната комисија ги објави новите малопродажни цени на нафтените деривати кои ќе се применуваат од 05.09.2023 година.

Нема промена на малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95. Останува 87 ден./лит. Бензинот Еуросупер БС-98 се зголемува за половина денар и ќе изнесува изнесува 89,50 ден./лит.

Цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 ден./лит. Дизел горивото ќе се продава за цена од 81 ден./лит, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на изнесува 80,50 ден./лит.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content