Токму поради тоа, YouTube ја воведува долго очеуваната опција – можност за сечење и споделување на краток дел од одредено видео.
Засега, како што пишува Digital Trends, оваа функција е овозможена само за одреден број креатори на содржини кои учествуваат во бета програмата.
Скратувањето на видео снимките, моментално е возможно само преку Android и компјутер а самиот исечок може да трае од 5 до 60 секунди.
Кога ќе се одбере иконата со ножички, се појавува слајдер и потоа креаторите одбираат кој дел од видео снимката сакат да го исечат, и тогаш може да му дадат име до 140 карактери.