На врвот по продажбата на смартфони и понатаму се наоѓа Samsung, кој забележа раст од 5,6%, а најголемата промена доаѓа на второ место, кое сега му припаѓа на Xiaomi и неговиот фантастичен раст на продажбата од 72,9%, со што го престигна Apple, кој имаше раст од само 7,5%.
Додека Xiаomi е најголем добитник, најголемиот губитник годинава е Huawei, кој забележа загуба од речиси 74,6% и со тоа го изгуби статусот на еден од водечките играчи на пазарот за смартфони. Причината за тоа е јасна – забраната на САД и немањето на сервисите и апликациите на Google на своите телефони.