СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Преживеаните и припадниците на безбедносните сили бараат статус на борци: Во Прилеп одбележани 22 години од убиството кај Карпалак

Со почит и поклон пред споменикот во центарот на градот, Прилеп денеска тагува, се сеќава и чествува 22 години од загинувањето на 10-те прилепски воени резервисти. Kај месноста Карпалак на 8 август 2001-та во заседа на армискиот конвој загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Делегации од Собранието, од Кабинетот на Претседателот, од Владата, од АРМ, на градот Прилеп, од семејствата на загинатите, од здруженијата на бранителите и преживеаните положија венци и свежи цвеќиња пред спмен обележјето.

Преживеаните на Карпалак нагласија дека речиси ништо не е направено достојно за бранителите и побараа закон и статус на борци.

– Баравме бесплатно здравство за семејствата на загинатите и семејствата на преживеаните како и закон за бранителите да бидеме прогласени борци, од сето тоа ништо не се реализира. Се чувствуваме понижени и изманипулирани. Никој за овие 22 години не покрена постапка да се види како тоа се случи на 8 август 2001-та. Ние бевме предаденим, велат тие.

Околу 70 000 припадници на безбедносните сили, кога веќе се отвора прашањето за Уставот бараат да го добијат статусот на борци. Освен тоа, работат во обезбедување, се чувствуваат искористени и бараат средба со премиерот.

Штом се отвора Уставот, не е лошо двете политички партии да седнат, да се договорат и двете да излезат како победници. Со наше внесување во Уставот, со статус на борци, и тие ќе излезат како победници. Ние како припадници на безбедносните сили треба да станеме борци, бидејќи и Армијата и полицијата учествуваа во конфликтот. Имаме статус на припадници на безбедносните сили, но треба да го добиеме статусот на борци. Од друга страна, и локалната власт и премиерот да не викнат на разговор. Ние знаеме да работиме. Даваме рок од 15 дена да не викнат или во Влада или во локална самоуправа, да седнеме да се договориме. Стотици бранители работат како обезбедување, а се експлоатирани, изјави Рубин Секулоски од здружението на учесници во воените дејствија во 2001 и 2002 година.

На годишнината од загинувањето, беа посетени и вечните почивалишта на загинатите бранители на гробиштата во Прилеп и во населените места. Достојна почит им беше оддадена и синоќа во кругот на касарната „Мирче Ацев“ каде е спомен обележјето на 10-те загинати воени резервисти од 2001-та.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content