Travelers Cycling – македонска веб апликација за велосипедисти

36

Станува збор за идеја разработена од група вљубеници на велосипедизмот во земјава, при што апликацијата е единствена од ваков тип во земјава и има за цел да им помогне на велосипедистите полесно да стигнат до својата цел.

„Велосипедската мрежа е поделена на неколку категории, меѓу кои се велосипедските патеки, тротоари / улици по кои е безбедно да се вози велосипед, а претставуваат конекција на две велосипедски патеки, планински (off-road) патеки итн.“, велат ентузијастите од Travelers Cycling.

 

На апликацијата може да се пронајде и најблискиот паркинг за велосипеди, локација на јавните сервиси за поправка на велосипеди, како и локација на воздушни пумпи кои воглавно се наоѓаат на бензиските станици.

„При креирањето на апликацијата, првенствено ги вклучуваме најпотребните информации за еден велосипедист, како на пример локацијата на фонтани / чешми кои знаат да бидат доста значајни во текот на летните денови, и известување на пречка или времен прекин на одредена велосипедска патека. Најголем дел од податоците ги поседуваме со сопствено прибирање на податоци, но одреден дел од информациите ги добиваме од следбениците и соработниците кои од ден на ден ги има во се поголем број“, објаснуваат од Travelers Cycling.

Апликацијата е целосно непрофитабилна и единствена цел и е да ги мотивира луѓето што повеќе да го користат велосипедот како превозно средство, со што би се зголемила сообраќајната култура, би се намалил сообраќајниот метеж по улиците, а како резултат на тоа би се намалило и самото загадување на воздухот.

Исто така, во делот „блог“ може да се најдат информации и новости поврзани со велосипедизмот, како и совети за избор, правилно користење и одржување на велосипедот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content