Telegram, TikTok и Signal најпреземани апликации во јануари

35

На самиот врв на листата се Telegram и Signal, a TikTok успеа да се „протне“ помеѓу текст-апликациите на листата на најпреземани.

Искачувањето на Telegram е благодарение на зголемениот интерес за апликацијата во Индија. Дури 24 отсто од преземањата доаѓаат од оваа држава, а 10 отсто доаѓаат од Индонезија, покажуваат податоците на SensorTower. Само во јануари, Telegram има 63 милиони инсталации низ целиот свет.

 

Листата „Топ 5“ ја заокружуваат Facebook и WhatsApp. Што се однесува на распределбата по платформи, првите 5 на Google Play се Telegram, Signal, TikTok, MX TakaTak и Facebook. На AppStore оваа листа е нешто поразлична и врвот го заземаат TikTok, YouTube, Zoom, Telegram и Facebook. Комбинирано од двете платформи Telegram, TikTok, Signal, Facebook и WhatsApp се најпреземани апликации во првиот месец на 2021 година.

Интересна е и споредбата со претходниот месец. Во декември Signal воопшто и не е на листата на најпреземаните апликации, а Telegram е на деветто место. Двете апликации успеаја да ги избуткаат Facebook, Instagram и WhatsApp. Зголемувањето на интересот доаѓа по промените на условите за користење на WhatsApp и зголемениот интерес за нови платформи по отстранување на Доналд Трамп од најголемите друштвени мрежи.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content