Telegram, TikTok и Signal најпреземани апликации во јануари
На самиот врв на листата се Telegram и Signal, a TikTok успеа да се „протне“ помеѓу текст-апликациите на листата на најпреземани.
Искачувањето на Telegram е благодарение на зголемениот интерес за апликацијата во Индија. Дури 24 отсто од преземањата доаѓаат од оваа држава, а 10 отсто доаѓаат од Индонезија, покажуваат податоците на SensorTower. Само во јануари, Telegram има 63 милиони инсталации низ целиот свет.
Листата „Топ 5“ ја заокружуваат Facebook и WhatsApp. Што се однесува на распределбата по платформи, првите 5 на Google Play се Telegram, Signal, TikTok, MX TakaTak и Facebook. На AppStore оваа листа е нешто поразлична и врвот го заземаат TikTok, YouTube, Zoom, Telegram и Facebook. Комбинирано од двете платформи Telegram, TikTok, Signal, Facebook и WhatsApp се најпреземани апликации во првиот месец на 2021 година.
Messaging app @telegram surpassed @tiktok_us as the most downloaded app worldwide for January 2021 with over 63M installs, 3.8x its downloads in January 2020. @signalapp, @Facebook, and @WhatsApp rounded out the top 5: https://t.co/iHnw6j2Qpo #topapps #telegram #tiktok pic.twitter.com/acLDd8TC5q
— Sensor Tower (@SensorTower) February 4, 2021
Интересна е и споредбата со претходниот месец. Во декември Signal воопшто и не е на листата на најпреземаните апликации, а Telegram е на деветто место. Двете апликации успеаја да ги избуткаат Facebook, Instagram и WhatsApp. Зголемувањето на интересот доаѓа по промените на условите за користење на WhatsApp и зголемениот интерес за нови платформи по отстранување на Доналд Трамп од најголемите друштвени мрежи.