Градоначалникот на Прилеп побара смена на командирот на полицијата

27

Припеп под контрола на полицијата на Оливер Спасовски станува небезбеден град. Сите оние кои не се согласуваат со политиката на СДСМ се или заплашувани или пак им ги палат автомобилите.

Откако пратеникот Петар Ристески изјави дека нема да гласа за промена на Уставот му беше запален автомобилот.

На ова пред нецел месец предупреди градоначалникот Борче Јовчески откако на  директорот на ЈКП – Комуналец Прилеп, непознати сторители го запалија  автомобилот пред неговата куќа.

Затоа советот градот побара оставка од командирот на прилепската полиција кого го сметаа за највиновен за безбедносната состојба во Прилеп.

Изјавата ја пренесуваме во целост.

Почитувани,

Згрозен сум од информацијата за опожарените автомобили на пратеникот Петар Ристески. Ова е чин за најголема осуда бидејќи, да се стават во опасност животите на едно седумчлено семејство, во кое има стари лица и малолетни деца, е еднакво на лудост .

Чинот на опожарување на автомобил го сметам за  директен атак врз човекот, кој што деновиве беше еден од најголемите гласноговорници  во Собранието на Република Македонија против таканаречениот француски предлог.

Воедно, овој грозоморен чин го сметам и како директен атак врз политиките на локалната власт, чие мнозинство советници во Советот на Општина Прилеп се од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

Кога на ваков начин се загрозува животот и семејството на народен пратеник, како може да ја зачуваме безбедноста, јавниот ред и мир  на останатите граѓани на Прилеп?!

За лошата безбедносна состојба во градов јавно говорев, апелирав и упатив барање пред неполн месец. Тогаш,  Локалната самоуправа, јас како градоначалник и претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски со останатите советници, бевме загрижени поради честите физички напади во градот, масовните тепачки на млади луѓе и криминалните дејствија.

Советниците побараа оставка на  Полицискиот командир во ОВР Прилеп, поради неможноста да го зачува јавниот ред и мир во  градот.

Но, добивме само статистички податоци и констатација дека безбедноста е на највисоко ниво, дури и беше упатен срамен демант од МВР на мојот говор одржан по повод лошата безбедносна состојба во Прилеп.

Овие немили настани за жал се повторуваат, еве имаме веќе четири опожарени возила во еден месец. Јавниот ред и мир, повторно е нарушен. Голема  среќа е што немало човечки жртви и предизвикана е само материјална штета.

– Овој последен немил настан, говори дека Министерството за внатрешни работи, на чело со Оливер Спасовски ништо не презеле, ништо не  решиле за безбедноста на граѓаните,  и нивните тврдења дека Прилеп е безбеден град е само празна флоскула која е насочена да прикаже и да создава привиден мир во градот под Марковите кули, со цел да се продолжи со безредието и криминалните дејствија.

Состојбата и делата говорат дека ништо не е преземено за безбеден Прилеп !

Случајно не се палат автомобили на три прилепски семејства во неполн месец, освен добропознатите случаи, имавме уште еден случај пред две недели кога на уште еден наш сограѓанин кој што е вработен во општинската администрација му беше опожарено неговото возило.

Го повикувам МВР и  Одделението за внатрешни работи – Прилеп да ги спроведат сите безбедносни мерки во мојот град, бидејќи како градоначалник  барам сериозна одговорност од сите релевантни фактори и ќе упатам протестна нота  и  до меѓународнот фактор, амбасади и европски претставништва во Македонија,  

поради неможноста   МВР  да ја  одржува  безбедноста  на граѓаните на Прилеп и да го штити и чува нивниот имот.

Благодарам!

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content