Microsoft започна да ги известува корисниците на Windows 10 за крајот на поддршката за системот

22

На 14 октомври 2025 година завршува поддршката која ја добива Windows 10, па иако Microsoft ќе им понуди на компаниите и корисниците можност да доплатат за дополнителни три години на поддршка, може да се каже дека доаѓа крајот на овој систем.

Microsoft уште сега започна со потсетување на корисниците за крајот на поддршката за Windows 10, а интересно тоа го прави кај корисниците кои имаат компјутери на кои не може да се инсталира Windows 11.

Во потсетникот за крајот на поддршката стои слика од Windows 11, со што може да се заклучи дека Microsoft им препорачува на корисниците да купат нов компјутер до крајот на идната година.

Информацијата за оваа нова практика на Microsoft доаѓа преку корисници на Reddit, а се истакнува повторно не оставањето простор да се исклучи овој потсетник, па корисниците се што имаат е да притиснат да бидат подоцна потсетени.

До крајот на годината Microsoft ќе ја претстави поголема надградба за Windows 11 за оваа година, а изгледа нема да се остварат очекувањата за нова верзија, односно Windows 12.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content