Mногу дечиња на едно место во Прилеп! (Фото галерија)

117

Вчера пред Камената Бина во Прилеп, се одржа настанот „Малите тркала за голема промена“, а по повод Меѓународниот ден без автомобили. Оваа година во фокусот беа најмладите. Дечињата возеа тротинети низ центарот на градот, симболично придонесувајќи кон поеколошка иднина.

На голема радост на сите дечиња оваа дружба беше збогатена со убава музичка програма.

Настанот имаше за цел да ја подигне свеста за алтернативните начини на транспорт, да го намали загадувањето и да ја поттикне физичката активност кај децата.

Извор MarkukuleMK
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content