Mицкоски на промоцијата на весникот на УМС „Мегафон“

28

Исклучително значаен ден, бидејќи овој нов часопис којшто денеска го има својот прв број многу значи за ВМРО-ДПМНЕ и за Унијата на млади сили. Тука имам и јас на почетокот своја колумна во којашто велам дека поставуваме нов систем за којшто вреди да се бориш. И навистина вреди да се бориш.

Унијата на млади сили секогаш ја имала мојата поддршка и ќе ја има, бидејќи верувам во младите не само како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, туку и како педагог, како човек којшто овие млади луѓе ги образува на универзитет и единствената желба мене како професор, како нивен педагог ми е децата да не ја напуштаат Македонија, да останат тука и тука да ја градат својата иднина. А ние повозрасните, малку поискусните да им го пренесеме нашето знаење и искуство и да направиме од Македонија подобро место за живеење. Или да бидам уште попрецизен, различно од се она коешто денеска за жал ние го живееме во Македонија и младите кои што го живеат во Македонија.

Уште еднаш честитам за „Мегафон“ и се надевам дека ќе има уште многу броеви и дека во иднина ќе има прекрасни текстови како во овој број.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content