СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Протестен марш на ромите во Прилеп

Не запира револтот кај Ромите во Прилеп, откако пред три дена група од нив не била пуштена на Градскиот базен.

Роми од прилепската населба Тризла со мирен протестен марш до градскиот базен го изразија револтот поради дискриминација. Деновиве тие не биле пуштени да ги користат услугите на овој спортско рекретивен објект. Ќе поднесат преставка до комисијата за спречување на корупцијата и судски процес.

По нивната реакција за оовој случај тврдат дека следниот ден од управата на спортско рекреативниот центар маркови кули им понудиле бесплатно користење на услугите на базенот.

 

Ден по инцидентот во петокот сопственикот на спортско-рекреативниот центар „Маркови кули” Борис Темоски ги отфрли сите инсинуации за дискриминација и нагласи дека станува збор за почитување на мерките и протоколот за заштита од ковид 19 при користење на услугите на Градскиот базен.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content