Mаските во училиштата сè уште не се укинати

6

Kризниот штаб донесе заклучок дека препораките на Kомисијата за заразни се прифаќаат, ама се додека владините функционери на седница не дадат „амин“ учениците ќе мора да седат во училниците со маски.

Маски на училиште ќе мора да се носат и од понеделник и покрај тоа што пред десетина дена експертите од Комисијата за заштита од заразни болести препорачаа тие да се тргнат. Процедурата за донесување на официјална одлука се откочи, но не заврши, бидејќи кризниот владин штаб донесе заклучок да прифати сè што предложи комисијата, вклучувајќи го и укинувањето на сертификатите за влез во трговски центар, ама „амин“ од Владата засега нема.

По препорака на Комисија за заразни болести, заклучок носи главниот владин кризен штаб, а за одлуката да биде конечна треба го помине последниот филтер – седница на Влада. Таа се уште не е закажана, а според првичните информации од владата треба да се одржи во вторник, дотогаш децата од основното образование мора да носат маски во училница.

Граѓаните кои ги пресретнавме се со поделени ставови во однос на целосното укинување на мерките, но поголем дел од нив велат дека децата не треба да носат маски во училиште.

Додека во Македонија се чека на владини процедури за олабавување на дел од мерките, некои од европските земји веќе „го бришат“ коронавирусот од листата опасност за јавното здравје. Таков е примерот со Шведска во која од први април нема да важат мерките. Планот на грчките власти пак, е до Велигден да ги олабават, а до лето да ги укинат сите рестрикции.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content