Kpивична за пpилепчанец: Иcкopиcтил 246.000 ден. од ABPM за caмовpaботyвање, но не иcплатил плати

65

П.К., како невработено лице во текот на 2017 година поднел апликација за активна мерка по Програмата за самовработување, доставена до Центар за вработување Прилеп и пријава за користење на грант, согласно условите од Програмата.

По одобрување на апликацијата основал фирма и склучил Договор со АВРМ и УНДП по кој искористил средства во висина од 246.000 денари, како директна набавка на опрема и материјали, но спротивно на договорот и обврските, воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто плати.

Фирмата по службена должност од страна на Централен регистар во тек на 2019 година е ликвидирана, додека искористените средства не се вратени согласно Договорот, со што се стекнал со противправна имотна корист на штета на Буџетот – информираат од МВР.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content