Kои корисници на социјална помош го злоупотребуваат системот?!

128

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави две реформи во сферата на социјалната заштита. Првата ќе биде изготвување софтверско решение кое јасно ќе детектира кои корисници на социјална помош го злоупотребуваат системот, а втората е издавање платежна картичка со која 50 отсто од сумата приматели на социјална помош ќе ја користат за купување македонски производи. Вели дека досега се евидентирани голем број злоупотреби. Некои лица примале социјална помош и до 60.000 денари месечно.

Некои корисници примале помош до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата. Има големи злоупотреби во центрите и од службеници. Дел се веќе и санкционирани, против дел се покренати кривични постапки“, рече Мицкоски.

Објасни дека на софверското решение се работи со Светска банка.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content