СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Julien Brulard гостин на Џудо Клубот Сеишин Прилеп

Џудо Клубот Сеишин Прилеп од 21.04.2022 до 25.04.2022 има специјален гостин, џудо Експерт од  Франција кој има сопствен проект поддржан од интернациналната џудо федерација да го обиколува светот со цел да одржи џудо тренинзи во што повеќе градови во државите кои ги посетува.

Говорот на Julien Brulard при запознавањето со членовите на џудо клубот Сеишин: Светска тура со јавање на коњ или автобус зависно од приликите и собирите. Џудист од 4 години и диплома за спортска наука. Патував многу и живеев во Јапонија 3 години, чувството на откривање на нови територии никогаш не ме напушти. Решив да почнам повторно, овој пат за светот. Овој проект се состои од џудо и патување како главни теми. Планирам да патувам во сите земји (197). Сакам да појдам во што повеќе доџо и поделам мои визии и да ви покажам што гледам од моите авантури. Сакам со овој проект да помогнам да се рашири џудото во светот. Идто така сакам да покажам на помладите дека се е возможно со многу работа и добри луѓе за да се поврзат. Сакам да направам врски со џудисти од светот за во иднина да се организира камп, и тоа во еколошки дух. Малку контрадикторно за некој кој сонува да појде во сите земи во светот? Не. Моите вредности за екологијата одат подалеку од само “нов кул метод” на овие претходни години, јас размислувам и организирам да ги остварам моите желби за слобода.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content