СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Голема велигденска хуманитарна акција во Прилеп

По 13-ти пат во Прилеп се одржа велигденската хуманитарна акција во организација на неформалната хуманитарна организација „Св.Никодим Прилепски – Тисмански“, која функционира при храмот „Св.Благовештение“.

Во изминативе 2 недели во сите храмови во Прилеп беа поставени кутии за донации каде граѓаните можеа да донираат средства, а исто така можеа да донираат и храна.

Со собраните пари се купија прехрамбени производи и средства за лична хигиена кои денес ќе бидат поделени на 130 социјално загрозени семејства во Прилеп и неколку населени места. Вакви хуманитарни акции во црквата „Свето Благовештение“ се организираат за Божик и Велигден.

 

„За Божик имавме 130 пакети, исто и за Велигден испланиравме 130 пакети, имавме доволно донации, се собраа доволно парични средства, со дел од останатите парични средства планираме да помогнеме, пример еве сега имавме неколку запалени куќи тука во близина на црквата, дел од средствата ги чуваме и за болни, на оние на кои им требаат за операции, за лекување и слично“,  вели Драган Џокоски, раководител на хуманитарната организација „Св.Никодим Прилепски и Тисмански“.

Секоја ваква акција откако ќе се соберат пакетите завршува со молитва пред мироточивата икона на Свети Никодим Прилепски и Тисмански, која стои на средината од црквата, а чие име пак го носи оваа хуманитарна организација.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content