Google Chrome добива решение за двата најголеми проблеми

33

Иако најпопуларен, Chrome е познат по тоа што троши многу RAM меморија, посебно кога се отворени многу табови одеднаш. Ова не само што може да го забави целиот компјутер, туку може да предизвика и едноставно исклучување или пад на Chrome.

И Microsoft и Google работат на тоа Chrome да биде подобар за Windows 10, а се чини дека TerminateProcess функцијата може да помогне.

 

Имено, како што велат од компанијата Google, TerminateProcess функцијата „веќе многу помага при безболното исклучување на процесите, без нарушување на работата на веб-прелистувачот“, пренесува Tech Radar.

Едноставно кажано, ова значи дека Chrome би требало да работи поефикасно за корисниците на Windows 10, посебно ако го користите подолго „набрзина“ и со многу отворени табови.

Посигурен и унапреден Google Chrome, подобрен со сите овие нови функции, би требало да видиме во текот на 2021. година.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content