Facebook конечно ни овозможува сами да контролираме што гледаме на News Feed

46

Меѓу неколкуте нови функции кои ги претстави Facebook се наоѓа и таа која овозможува исклучување на алгоритамското редење на содржините кога ќе притиснете на копчето Home.

Со новото ажурирање подобро е позиционирана и функцијата приказ на најновите објавени содржини. Ова постоеше и претходно, но беше добро „сокриено“ меѓу некои други опции, а честопати и не беше функционално како што треба.

 

Филтрите Favorites и Recent исто така сега се поставени на значително поистакната позиција – веднаш на врвот на почетната страница. Како што пишува порталот The Verge, овие иновации доаѓаат со едно големо „НО“ – ако не ги користите Favorites или Recent седум дена, филтрите ќе исчезнат, па повторно ќе мора да ги активирате од менијата во News Feed.

Новото ажурирање моментално е достапно само за Android апликацијата на Facebook, а се очекува наскоро да биде овозможено и за iOS.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content