Facebook го слави 17. роденден

35

На денешен ден во 2004 година, Марк Цукерберг, како поранешен студент на Харвард, го основаше Facebook со намера преку оваа мрежа, студентите само да комуницираат и да разменуваат информации.

Сепак, подоцна многу други универзитети, средни училишта и големи компании му се приклучија на Facebook, мрежа што денес има повеќе од две милијарди активни корисници.

 

Facebook денес е најпопуларната услуга за социјализација со растечки број на корисници, па дури и го доби името „нов интернет“, а Цукерберг го доби прекарот „новиот Бил Гејтс“. За вредноста на Facebook најдобро говори податокот дека кон крајот на 2007 година, Microsoft плати 240 милиони долари за 1,6 проценти удел во акциите на Facebook.

Оваа мрежа сигурно им го промени начинот на живот на сите, донесе сосема нов начин на размена на информации и поврзување и го олесни одржувањето врски со пријателите и семејствата од другиот крај од светот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content