Facebook привремено укина некои опции на Messenger и Instagram

9

Пораката се појавила во апликациите на Фејсбук, Месенџер и Инстаграм за европските корисници оваа недела, истакнувајќи дека некои опции не се достапни поради „усогласеност со новите правила за услуги за пораки во Европа“.

Фејсбук не прецизира точно кои функции ќе недостасуваат, но компанијата на своите страници за поддршка открива дека пребарувањата и на „Месинџер“ и „Инстаграм“ во моментов не се достапни во Европа. Исто така, недостасуваат налепници на Instagram и персонализираните одговори на Messenger. Други недостатоци може да вклучуваат испраќање одредени датотеки до Messenger и неможност да се постават прекари.

 

Не е јасно кога Фејсбук ќе им ги врати овие опции на европските корисници, но портпаролот на компанијата вели дека повеќето ќе се вратат многу брзо.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content