Eдна од Битола, друга група од Гевгелија тргнаа пешки кон гробот на Гоце Делчев во Скопје

21

Како што информираат од партијата, во проширен состав, денес тргнаа две екипи, кои на 4 Мај треба да пристигнат на гробот на македонскиот великан.

Едната група, составена од членови на Левица од Велес и Гевгелија, тргна од Гевгелија, а другата група тргна од Битола. Целта им е да се спојат во Велес и од таму да се упатат кон вечното почивалиште на Делчев. Можно е по пат да им се придружат и други другари.
Се надеваме дека оваа скромна иницијатива ќе прерасне во традиција, која низ годините ќе станува се помасовна. Им посакуваме лесен пат на нашите другари!, порачаа од Левица.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content