Bitwarden претстави апликација за дво-факторска автентикација

62

Еден од најпознатите сервиси за чување на лозинки Bitwarden, кој и ние го препорачуваме, претстави нова апликација, овој пат за генерирање на еднократни кодови за дво-факторска автентикација.

Дво-факторската најава на сервисите овозможува доста поголемо ниво на безбедност, а корисниците покрај својата лозинка, внесуваат дополнителен код кој го добиваат од апликација и е единствен за таа најава. Се препорачува користење на апликации, наместо кодовите да се добиваат преку SMS, па јасна е популарноста на ваквите апликации, а посебно кај нешто понапредните корисници.

Bitwarden Authenticator е новата апликација и можам да кажам дека истата веднаш добива голема оценка, само поради фактот што доаѓа од оваа компанија. Достапна е на двете најголеми платформи, па може да се симне на Android и на iOS.

Можноста за генерирање на кодови веќе им е достапна на корисниците на платената верзија од Bitwarden, па Bitwarden Authenticator ќе функционира како независна апликација достапна за сите корисници, а тие не мора ни да имаат Bitwarden сметка.

Првата верзија од Bitwarden Authenticator е прилично основна, па не нуди нешто повеќе од генерирање на еднократните кодови. Бекапирањето на апликацијата се прави од сервисот за бекап на самиот оперативен систем.

За наредните верзии од Bitwarden најавуваат можност за бекапирање со Bitwarden сметка, како и поддршка за дво-факторска најава со известувања.

Иако апликацијата целосно може да се користи уште сега, би препорачал да се внимава поради можноста да се изгубат кодовите поради се’ уште недостапното синхронизирање со Bitwarden сметката.

За бизнис корисниците од компанијата најавуваат повеќе нови функции кои се поврзани со можноста за менаџирање на сметките на вработените и слично.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content