Aнимација како алатка за инклузија на деца со попреченост

34

Проектот се одржа во просториите на Еurope House Скопје и Kинотека на Северна Македонија. Односот на нашето општество кон децата и лицата со попреченост е на ниско ниво, ретки се програмите за развој на разни вештини кај овие лица преку неформално образование и со самото тоа можноста за нивна инклузија во општеството е сведена на минимум. Појавата на Ковид пандемијата ги покажа сите слабости на образовниот систем. И додека образованието за типичните деца успеа да продолжи онлајн, се чини, дека децата со попреченост беа заборавени. Менторите беа оневозможени да доаѓаат во нивните домови; не постои специјализирана интернет платформа на која овие деца би можеле да го продолжат својот образовен процес, да се дружат, да развиваат одредени животни, уметнички или социјални вештини. И оттаму потребата за реализација оваа работилница.

Целта на работилницата беше пред сé да се обезбеди позитивна инклузивна средина, запознавање и дружење на децата со попреченост и типичните деца. Уметноста не е привилегија, туку право на децата со попреченост, и преку вештини и знаења кои ги нема во редовните училишни програми сакаме да креираме нови можности за креативно изразување, развој на толерантност и разбирање помеѓу децата. Работилницата се оддржа во четири сесии, по две сесии неделно. Активностите во живо се оддржаа во Europe House и Кинотека на Северна Македнија, а една сесија се оддржа и онлајн. Од посебно значење за проектот беше создавање навика за онлајн комуникација кај децата со попреченост, и нивно запознавање со алатките за дигитална комуникација и анимација.

Тимот кој беше директно инволвиран во сите фази на извршување на работилницата беше составен од аниматори и специјални едукатори. Техниката која децата ја изучуваа беше „Колажната стоп анимација“. Ова e интуитивa анимацискa техникa, кoja можe да се работи со поапстрактен пристап, односно, не е потребна некојa посебна претходна подготвеност во однос на какво било ликовно образување. Со помош на оваа техника и работата со менторите не само што се разви нивната креативност и љубовта кон уметноста и креативните индустрии, туку и се помага во подигнувањето на нивната самодоверба. Материјалот сработен од сите учесници на сесиите, се измонтира во една целина од страна на менторите и овој краен производ беше презентиран пред учесниците на последната сесија во вид на кино проекција. Видеoто што се сними врз музичка подлога на песната „Рам пара рам“ од „Суперхикс“, понатаму ќе се отстапи на бендот за користење како нивен официјален спот. Така, проектот ќе допре до пошироката популација, со што, учесниците ќе увидат дека се дел од еден значаен проект, кој успеале да го завршат со својот труд, низ еден интересен и забавен процес.

Проектот „Инклузивна анимација“ на деца со попреченост преку работилница за анимиран филм зазема еден поширок контекст. Иако една работилница се одвива во одреден временски период и создава краен производ – анимација – таа со своето влијание не завршува тука.  Напротив, овозможува простор за испишување долгорочна приказна. Производот во форма на видео не само што ќе биде прикажамо пред самите учесниците и нивните најблиски, подоцна ќе има има премиера и пред широката јавност со и за подигање на колективната свест.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content