СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Христос воскресе! Навистина воскресе! Нека ни е честит Велигден!

Православните верници вечерва точно на полноќ се поздравуваат со христијанскиот поздрав „Христос воскресе – Вистина Воскресе“ и со кршењето на велигденското јајце го честуваат големиот христијански празник Велигден и го прекинуваат долгиот велигденски пост.

На Велика сабота ноќта – на полноќ, се објавива најрадосната вест – веста за Христовото воскресение. Тоа е најсветлата ноќ – ноќ посветла од ден.

Велигденската радост е најголемата и најсветлата радост на христијаните. Таа е радост за најголемиот празник, за најголемиот ден – Велигден – радост за Воскресението на Господ и Спасител Исус Христос.

 

Таа радост е света радост и не е споредлива со никоја друга радост. Таква радост нема и не може да има. Таа радост е вечна како радоста на блаженството – а блаженството е постојана радост на душата.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content