Ажурирањето на Google Chrome може да го сопре трошењето на RAM меморијата

72

Според новиот извештај на Windows Latest, гигантот за пребарување посветено работел на поддршката PartitionAlloc-everywhere за својот прелистувач, за да го подобри начинот на кој работи на Windows 10, Android, Linux и на други платформи.

Штом PartitionAlloc-everywhere се спои во изворниот код на Chrome, тоа ќе му овозможи на прелистувачот побрзо да стартува, побрзо да ги вчитува внатрешните страници и да понуди подобрено управување со ресурсите, што значи дека ќе користи помалку RAM меморија, пишува Techradar.

 

Google прв почна да работи на додавање поддршка за PartitionAlloc Chrome минатата година, и сега е достапен на корисниците во бета-каналот на прелистувачот за Android и Windows.

Компанијата ја овозможи оваа функција и на Linux, но се покажа дека е многу потешка за спроведување. Според Chromium bug, инженер на Google обезбедил дополнителни детали за напредокот на компанијата со PartitionAlloc на Windows, Android и Linux. Google, исто така, спроведе друг експеримент насочен кон намалување на употребата на меморијата во Chrome, во кој комбинираше regular и aligned партиции на прелистувачот, за да утврди дали тоа може да доведе до подобрување на перформансите, пренесува PC Press.

Покрај верзиите на својот компјутерски прелистувач, компанијата во моментов ја тестира PartitionAlloc-everywhere за Android. Досега, овие тестови резултираа во подобрена меморија, перформанси и стабилност при користење на Chrome на мобилен уред. Корисниците на бета-каналите на Android и Windows сега можат да го тестираат PartitionAlloc за да уверат дали функцијата помага во намалување на RAM меморијата што ја користи прелистувачот.

Извор: B92.net

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content