СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Дали најавеното заладување ќе предизвика штета кај зимските посеви?

Нестабилноста на месец февруари, овие денови се покажува во вистинско светло.

Во неколку наврати, температурата од вообичаените ниски вредности во овој период од годината, се покачи до неверојатни 15 до 20 степени. Експертите велат дека, најавеното заладување, не би требало да предизвика големи штети на зимските посеви кои се во состојба да преживеат длабоки минусни темеператури. Тоа пред се се однесува на пченицата.

„Пченицата насеана во октомври сега е во фаза на никнување. Повеќето такви култури, кои беа насеани пред оптималното време за сеидба, се надпросечно развиени”, Објаснува проф. д-р Георг Дрезнер, раководител на Одделот за размножување и генетика на мали житни култури при земјоделскиот институт во Осиек.

 

Бидејќи во овој период има доволно влага, проблемот може да се појави кај потешките и погусти почви, каде што не се ископани канали за одводнување или нема наклон кон каналите за одводнување. Професор Дрезнер, осврнувајќи се на временските услови во Хрватска, вели дека надпросечните температури од изминатата недела предизвикаа раст на пченицата и ја ослабнаа нејзината отпорност на многу ниски температури, но не толку многу за да не може да издржи ниски температури од околу -10 степени.

„Со оглед на ниските температури кои се очекуваат и кои следуваат по надпросечните топли денови, дури и ако нема снежна покривка, не се очекува оштетување на виталните органи на растението“, тврди тој и објаснува дека ако не се создаде снежната покривка, би можело до дојде до оштетување самона врвовите на лисјата од пченица, но тоа растенијата лесно ќе го надоместат.

Од ниски температури, најмногу се плашат овоштарите, но искусните производители велат дека е рано за паника, бидејќи овошните дрвја претежно се уште се во фаза на мирување. Иако некои пупки веќе се набрекнати, соковите во овошните дрвја сè уште не започнале да циркулираат со полна пареа, така што тие нема да ги достигнат овие пупки и да замрзнуваат во нив.

„Ако пупката е затворена, нема да се случи ништо дури и на -10 степени“, велат овоштарите, бидејќи, високите температури не траеле долго и овошните дрвја се уште не се „разбудиле“.

Сепак, одгледувачите на кајсии се плашат, затоа што некои дрвја се наоѓаат во „розова“ фаза на пупките од кои на некои места веќе излегуваат ливчиња од цвет и сепак нема да можат да издржат на поголемите минусни температури подолго време. Но, сега е тешко да се процени колку може да бидат погубни и да се превидат последиците.

Претстојниот период на ниски температури, земјоделците треба да го искористат за првото прихранување на зимска пченица, за која експертите препорачуваат само азотни ѓубрива.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content