СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Матурантите привремено го прекинуваат бојкотот

Од Сојузот на средношколци велат дека ќе почекаат до крајот на месецот дали пратениците ќе ги усвојат барањата за промени во државната матура, а во спротивно најавуваат дека ќе кампуваат пред МОН.

Матурантите организирани од Сојузот на средношколци од денеска привремено ќе го прекинат бојкотот на наставата кој започна со почетокот на второто полугодие. Тие даваат рок до крајот на месецот пратениците во Собранието да ги усвојат нивните барања односно да се намалат предметите за полагање матура од четири на два – мајчин јазик и предмет по избор од областа во која матурантот планира да ги продолжи студиите.

Претходната недела тие имаа средби со пратеници во парламентот и очекуваат дека ќе се исполнат нивните барања.

 

Од Министерството за образование и наука, пак, досега неколку пати посочија дека не отстапуваат од актуелниот концепт за државна матура и дека законски измени не може да се прават во од, а нов концепт на матура најавуваат од наредната година.

Ставот на МОН е дека има и законска обврска да овозможи полагање на државната матура, зашто над 14 илјади матуранти во законскиот рок (крајот на декември) веќе се пријавиле за државна матура и ги избрале предметите по кои ќе бидат тестирани.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content