СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Одиме на Светско – РФМ ја доби поканата за учество на нашите репрезентативци во Египет

Македонската ракометна репрезентација ќе настапи на Светското првенство во Египет како замена за репрезентацијата на Чешка, која поради голем број на позитивни играчи се откажа од настапот

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов испрати благодарност до Меѓународната ракометна федерација поради поканата до нашите ракометари за настап на ракометниот спектакл.

„Во името на Македонската ракометна федерација и мое име, сакам да ви се заблагодарам за официјалната покана на нашиот национален тим да настапи на ракометниот спектакл во Египет. Македонската ракометна селекција е подготвена и задоволна што ќе настапи на Светското првенство“, порача првиот човек на РФМ.

 

Македонија најпрво ќе игра против Шведска на 14 јануари, по што следи меч против Египет на 16 јануари и Чиле на 18 јануари во групата Г.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content