„Дефинитивно ќе има Евровизија … натпреварувањето ќе се случи“, рече Нортон, кој го покрива настанот за британскиот јавен сервис.
Организаторите на натпреварот потврдија дека Евросонг дефинитивно ќе се одржи оваа година. Ќе може да се користат претходно снимени изведби ако изведувачите не можат да патуваат до Ротердам или ако мора да се изолираат по нивното пристигнување таму.
Минатогодишниот натпревар беше откажан поради пандемијата. Во Велика Британија беше заменет со специјална програма со осврт на историјата на настанот, вклучително и гласање за најголемата евровизиска песна на сите времиња.
Нортон за американското радио „Сириус икс-ем“ изјави: „Aко некои уметници не се во можност да допатуваат во Холандија во 2021 година, можат да ја зумираат изведбата. Се сомневам дека ќе бидеме на стадион полн со 20.000 луѓe“.
Евросонг имаше и лани, како спектакуларно алтернативно шоу- Eurovision: Europe Shine a Light.
Специјалното телевизиско шоу немаше натпреварувачки карактер, но им оддаде значајно признание на сите песни и учесници од 41-та земја, колку што требаше да учествуваат лани на Евровизија. Веќе селектираните песни беа емитувани во фрагменти од 30 секунди, учесниците беа претставени низ кратки видео разгледници, а ќе ги слушнавме и нивните пораки упатени до милионскиот аудиториум ширум Европа и светот.
Обедините од различни локации низ Европа ланските изведувачи прозвучеа низ стиховите на познатиот евровизиски хит на Katrina And The Vawes: „Love shine a light“, победничка песна на Евровизија во 1997-мата година.