СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Вевчанскиот карневал ќе се одржи со дел од обичаите и почитување на ковид-протоколите

Секојдневно разговараме со василичарите за почитување на мерките и протоколите.

Традиционалниот Вевчански карневал, кој околу 15 века се одржува на 13 јануари во Вевчани, поради пандемијата со коронавирусот, годинава ќе се одржи под посебни мерки и протоколи со цел заштита од ширење на Ковид-19, но ќе задржи дел од обичаите, преку кои вевчанци со векови наназад „го бркаат злото”.

Заменик претседателот на василичарското друштво „Долна маала”, Перо Тешиноски вели дека имаат притисок од населението за одржување на традицијата, со која се „брка лошото”.

 

Секојдневно разговараме со василичарите за почитување на мерките и протоколите. За предводниците, односно зетот, невестата, глупавиот август и музичарите можам да гарантирам дека ќе се придржуваат кон препораките за држење дистанца. Се надевам дека и останатите ќе го испочитуваат ветеното. Имаме голем притисок од жителите да се направи вековниот обичај, со кој се брка лошото, изјави Тешиноски.

На синоќешниот состанок, на друштвото било договорено дека нема да се реализираат обичаите од 12 јануари, но ќе се одржи маскенбалот следниот ден под посебни протоколи со маски и држење растојание. За вечерта најавуваат традиционална посета на домовите, но без влегување внатре.

Од василичарското друштво „Горна маала” велат дека ја следат состојбата и насоките и деновиве ќе излезат со став.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content