Еве како да направите новогодишна вечер за паметење во вашиот дом!

85

Новата година дома за некои ќе изгледа досадна, но не мора да биде така.

Бидејќи повеќето луѓе оваа година ќе ја поминат во своите куќи и станови, еве неколку предлози како да се забавувате и да поминете квалитетно време за дочекот на новата година.

 

Направете тематска ноќ

Можеби не сте биле во можност да патувате во Италија, но донесете ја таа земја во вашиот дом! Со малку италијанско вино, маслинки, шпагети, па зошто да не и пица! Или можеби сте повеќе за Шпанија? Со добра пршута, жолто-црвена декорација на куќата и дел од нивното вино, сосема е можно да го внесете духот на оваа земја во вашиот дом. А можеби ве привлекува повеќе Кина, Тајланд, Бали… можностите се скоро неограничени со малку фантазија!

Семејна забава

Зошто да не? Сите овие години одите на разни забави и можеби оваа коронска година е вистинското време да ја дочекате Новата година на своја забава. Бидејќи е дочек, слободно пуштете малку погласна музика, прегрнете ги своите сакани и танцувајте додека не ве заболат нозете!

Филмски маратон

Одлучивте оваа година да ја пречекате помирно, затоа што ви здодеа од бучавата, стресот и секојдневниот хаос. Тогаш вистинското решение може да биде филмски маратон. Направете пуканки, седете во фотелја или стуткајте се во кревет и оставете филмската магија да започне. Ако уште можете да изнајмите проектор и екран, искуството ќе биде комплетно!

Караоке

Не ви требаат скапи звучни системи или професионален оркестар за добра забава. Доволно е еден микрофон, компјутер и домашни звучници! Има еден куп музички програми од караоке на Интернет, па можете да преземете некои, да вклучите микрофон и да пеете со вашите најблиски цела вечер! И навистина не ве интересира што не можете да пеете, бидејќи никој не може да ве обвини за тоа!

Вечера, вино и гитари

Ако сакате дочек во кафуле, во романтична атмосфера со вино и убав оброк, можете да направите нешто слично дома. Доволно е да поканите пријател кој свири гитара, на пример, секако почитувајќи ги сите мерки во борбата против Ковид. Направете сами атмосфера како во кафуле. Ставете кариран чаршав, свеќи, купете добро вино и сè што оди со него … и по оброкот, пејте на звуците на гитарата и прославете ја Новата година така.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content