НГИ „Коалиција на Египќани“: Господине Радев, до каде се остварувањата на човековите права на македонците и египќаните во Бугарија?

-Сметаме, декла соседите треба меѓусебно да се почитуваат и помагаат во економскиот, политичкиот, културниот и севкупниот живот. Оттука, крајно не изненади и не разочара изјавата на Бугарскиот Премиер Румен Радев кој истакна дека нема за што повеќе да разговара со нашиот Премиер Проф.Д-р Христијан Мицкоски, изјави Демир Далип председател на НГИ „Коалиција на Египќани“.

Тој истакна: „Ние, како независна и самостојна држава Македонија имаме стратешка цел да бидеме полноправна ќленка на ЕУ, но истовремено да ги испочитуваме и нашите македонски државни интереси. Добрососедските односи создаваат перспективи за граѓаните од двете држави и побрз економски развој, но сепак почитувањето и вложувањето во добрите односи помеѓу двете држави е двонасочна улица“.

Кога сме степенот на почитување на човековите права и слободи сакам директно да го прашам Бугарскиот Премиер: До каде се почитувањето на човековите права на Македонците и Египќаните во Бугарија, имајќи ги во предвид и 14 пресуди на судот за човекови права во Стразбур, во полза на Македонците во Бугарија? – прашаа лидерот на НГИ „Коалиција на Египќани“.

Демократските и Европските вредности се почитуваат и со нивно имплементирање, а покрај правата постојат и обврски кои треба сите да ги почитуваат, без разлика дали и некој член на ЕУ или некој е во процес за влез во ЕУ, истакна лидерот на НГИ „Коалиција на Египќани“ Дипл.правник Демир Далип.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content