Јавна расправа за судската и јавнообвинителската служба

Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на својата 72. седница одржа јавна расправа по Предлогот на закон за судска служба и Предлогот на закон за јавнообвинителска служба.

Јавната расправа ја отвори претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов, кој ги поздрави присутните и истакна дека, покрај пратениците, на јавната расправа учествуваат и претставници на државни институции, организации, здруженија и асоцијации. Тој повика на конструктивна и аргументирана дебата, насочена кон изнаоѓање на најсоодветното законско решение во интерес на граѓаните и правниот систем.

Со Предлогот на закон за судска служба се уредува посебниот статус на вработените во судската служба и тоа посебните државни службеници- судски службеници, државните службеници, судската полиција и помошно техничкиот персонал. Предлогот на закон се заснова врз начелата на законитост, професионалност, одговорност, ефикасност, економичност и транспарентност.

Со Предлогот на закон за јавнообвинителска служба се уредува посебниот статус на вработените во јавнообвинителската служба, посебни државни службеници (јавнообвинителски службеници), државните службеници и помошно техничкиот персонал -лицата вработени во јавните обвинителства за техничка поддршка и други помошно-организациски работи. Предлог-законот се заснова врз начелата на законитост, професионалност, одговорност, ефикасност, економичност и транспарентност.

Присутните активно се вклучија во дебатата, изнесувајќи свои мислења, забелешки, критики и предлози во врска со предложеното законско решение. Во текот на расправата беа истакнати повеќе аспекти од евентуалната примена на законот, при што учесниците ги посочија неговите предности, но и одредени прашања кои, според нив, бараат дополнително разгледување и доуредување. Дел од учесниците ја поздравија потребата од донесување на законот и неговото значење за унапредување на законската рамка во соодветната област. Воедно, беа изнесени и конкретни предлози и препораки, кои ќе бидат земени предвид во натамошната постапка за разгледување и усовршување на текстот на законот.

По исцрпување на листата на говорници, претседателот на комисијата, Пренџов заклучи дека ова било плодна дебата, а сите забелешки и сугестии ќе бидат детално разгледани  и разговарани, пред да се свика седница за второто читање на Законот.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content