Извештај од вчерашниот ден посветен на Дејан Дуковски

8 јуни: Уште како студент учествував со „Балканот не е
мртов“, љубовна приказна меѓу Турчин и Македонка, текст
кој имаше многу напади од типот дека сум против
македонската кауза. Но, се појавија неколкумина на
фестивалот што застанаа зад претставата и текстот и јас
ја добив наградата за најдобар текст. Фестивалот имаше
голема улога во моето растење како автор – рече Дејан
Дуковски, вчера на разговорот посветен во негова чест
како автор во фокус на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во
Прилеп. Топла атмосфера, многу почит кон Дуковски
можеше да се сведочи меѓу присутната публика. Пред
разговорот, беше отворена изложба на 75 театарски
плакати од претстави работени според драмите на
Дуковски низ цел свет. Автор на изложбата е Јасмина
Алексова.

-Изложбата на театарски плакати обединува две
уметнички практики драмска и ликовна. И овие плакати се
само дел од вкупниот број плакати па работени по
претставите на Дејан. И плакатот сам по себе претставува
еден вид визуелен сублимат на драмскиот текст и
неговото поставување на сцена или на филмското платно.
И самата улога му е да најави, да информира, да ја
испровоцира публиката да го види делото – рече Алексова.
Во разговорот на Дуковски со Стојаноска, тој се потсети на
неговиот учител, Горан Стефановски, за кого вели дека
инсистирал да читаат драми, Шекспир… Тој ни велеше, сè
е напишано во античката драма и дека ние треба да
рециклираме драми, односно да ги разработуваме истите
теми.
На прашањето какви искуства имал со режисерите,
посебно со тие со кои работел прв пат, Дуковски истакна
дека не секогаш имал среќа.
-Некогаш се случува некои претстави да бидат и подобри
од самиот текст, отвориле нови нивоа, нови стојалишта.
Многу пати се изгубени дури и оние основните нешта. Тоа
е една од вистините кога пишуваш драма, не знаеш каков

ќе биде крајниот производ на сцена. Јас секогаш ги
затворам текстовите после претставите, односно после
интерпретацијата на актерите. Многу пати во самиот
процес некои реплики доаѓаат, па пак се прифаќаат,
форма, затоа што е важно да поминат низ филтерот на
актерите. Тие најдобро ги детектираат зборовите и
чувствата. Драмата не е уметност на самите зборови,
драмата е уметност на контекстите и на чувствата кои тие
зборови ги носат во претставата – рече Дуковски.
На моите студенти кога редовно им предавам за Дуковски,
им напоменувам дека постојат драмски автори коишто се
еве, академски драмски автори. Главниот терет на
драмата го носат актерите и начинот на кој што режисерот
ќе ја направи претставата, истакна Стојаноска.
-Драмата ја гледаме и вистински ја разбираме во мигот
кога ќе ја видиме на сцена. Пред десетина години напишав
еден текст „Колку ме боли кога те нема“, според реплика
„Маме му е… кој прв почна“, односно последната песна, во
којашто цело време размислувам за сликата на љубовта
во драмите на Дејан Дуковски. Кога ги гледате во
претстава, тоа не е типична љубовна изјава, тоа е
травестија на љубовта, едноставно излегува настрана. И
токму мислам дека е тоа многу важно кога ги читаме
драмите, да не го заборавиме тој контекст на сценското
што го бара баш Дејан. Овој контекст важи и при
пишувањето, меѓутоа и при поставувањето на претставата
во оваа форма – рече Стојаноска.
Дуковски тврди дека кога репликите ќе се кажат на сцена,
тие добиваат поширок контекст и значење.
Какво беше првото поставување на „Црно злато“,
претстава што в петок ќе гостува на фестивалот, на
затворањето и ќе биде убава прилика за македонската
публика да ја види.
-Мислам дека Оливер Фрлјиќ во моментов е еден од
поинтересните режисери на овие простори. Мислам дека
самата претстава носи автентичен израз, прилично свеж.
Претставата не е така ангажирана како што вообичаено се
очекува од Фрлјиќ. Мислам дека ова е една фаза негова
посмирена во драмска смисла. Фрлјиќ работи многу убаво
тимски – рече Дуковски.

Актерката Катерина Коцевска го сподели впечатокот од
премиерата во Белград и истакна дека публиката не
поделила куртоазен аплауз, туку многу искрен. Таа
истакна дека е голем потег тоа што Стојаноска годинава ја
носи претставата во Прилеп.
Во однос на темата поставување и поддршка на новите
текстови, Дуковски рече дека смета дека треба да се
организираат повеќе драмски читања.
На прашањето дали замислувал кога бил студент дека ќе
дојде ден кога неговото дело ќе биде славено на
фестивалот од калибарот на „Чернодрински“, тој вели дека
токму од Прилеп се лансирал како автор.
-Уште како студент учествував со „Балканот не е мртов“,
љубовна приказна меѓу Турчин и Македонка, текст кој
имаше многу напади од типот дека сум против
македонската кауза. Но, е појавија неколкумина на
фестивалот што застанаа зад претставата и текстот и јас
ја добив наградата за најдобар текст – рече Дуковски.
Оливера Ќорвезироска од име на издавачот „Арс Ламина“
ги промовира двете книги драми на Дејан Дуковски,
посочувајќи дека станува збор за прапромоција на делата
објавени во едицијата Македонски книжевни класици. Таа
направи убав пресек не само на делото и значењето на
Дуковски, но и поширока компаративна анализа за
македонската постмодерна на која и тој и припаѓа.
-Ова двотомно издание е значајно и јасно видливо од која
точка и да се погледне. Како крупните, маркантни објекти
што постојано ги гледаме, колку и да сме оддалечени од
нив. Како ориентир што ни дава сигурност дека нема да се
изгубиме сè додека го имаме во очите, како чувство дека
сме таму каде што треба да бидеме. Значајно е за Дејан
Дуковски; значајно е за едицијата и за издавачот; уште
позначајно е за сите нас, зашто на едно место и со најнов
авторски препрочит (што е исклучително важно и
возбудливо!) имаме десет драми, сосе најновата „Црно
злато (Опиум или Пари)“; а најзначајно е, сепак, за
македонската драма, за македонскиот театар, за

македонската книжевност и за македонскиот широк
културен контекст – рече Ќорвезироска.
Драмите на Дуковски не се остров сред морето на
современата македонска книжевност, туку цврсто копно
втемелено заедно со другите жанрови. Тие не се ниту
одделени и изолирани од современата книжевност, иако
лично сметам дека премалку зборуваме и се занимаваме
со тоа, со единството на уметноста создадена, во нашиов
случај – напишана, на македонски јазик. Новиот жанр во
Македонски книжевни класици дополнително го збогати
опсегот на едицијата и на тоа сме мошне горди, истакна
таа.
Вчера се одржаа три тркалезни маси за претставите од
официјалната програма. Се дискутираше за „Калигула“ на
Кумановски, „Црнила“ на Прилепскиот и за „Челинџ“ на
Театарот за деца и младинци од Скопје.
„Калигула“ е претстава со голем ансамбл, сложена
физичка акција, авторска музика, видеоматеријали и
амбициозна режисерска концепција. Историскиот Калигула
е само маска зад која се отвора едно од најрадикалните
прашања на модерната филозофија: што се случува кога
човекот ќе ја истурка идејата за слободата до нејзините
крајни последици? Вака модераторот, театарскиот
критичар Звонко Димоски ги започна разговорите на
тркалезната маса за претставата во официјалната
конкуренија, „Калигула“ по текст на Албер Ками, во режија
на Ѓорѓи Ризески, а во изведба на ансамблот на
Кумановскиот театар.
-Апсурдот треба да се оправда, те предизвикува да
одговориш на повеќе прашања и откако ќе стигнат
одговорите, на секој начин апсурдот станува логичен. Во
претставата се соочивме со темите што во себе ги носи
Калигула. Ние не бегаме од реалноста. „Калигула“ е
современ во таа форма, имајќи го предвид насилството во
светот. Театарот треба да укаже на проблемите во светот,
рече режисерот Ризески.
Марко Трајковиќ, кој со режисерот Ризески веќе неколку

години посакувал „Калигула“ да се најде на сцената, а го
толкува ликот на Калигула, конкретно посочи кога целосно
го сфатил и прифатил ликот.
-Тоа беше кога Калигула зборува за самотијата, што беше
мој поттик. Сака да ги донесе луѓето околу него до нивото
на болката која ја чувствува. Деловите со присуството на
Друзила ми даваат порив за понатаму, објасни Трајковиќ
кој скромно реагира и на пофалбите на остварувањето на
ликот на разговорите на тркалезната маса и на бројните
аплаузи и овации на публиката по одиграната претстава
на сцената во Центарот за култура „Марко Цепенков“.
На театрите им се потребни продуценти. Тоа место не е
предвидено, ама нивната задача е огромна, смета
продуцентката на претставата Симона Тоскиќ.
-Со релативно мали средства ја завршивме претставата.
Во овој проект многу верувавме. Актерите работеа со
прекрасна енергија, а со режисерот дадовме интересни
решенија. Во секој театар мора и е потребно да има
продуцент, рече Тоскиќ.
На дискусијата за „Црнила“ беше отворено прашањето за
интервенции во „Црнила“.
Водителот на тркалезната маса Милош Б. Андоновски, ја
нагласи добрата актерска игра и го отвори прашањето за
хиперпродукцијата на знаци, мноштвото секс сцени и
зошто е присутна потребата да се мултиплицираат тие
знаци. Но, со основна нитка во водењето на разговорот
беше присутноста на агресивноста и нежноста на
претставата.
Драматургот Лидија Митоска Ѓорѓиовска рече дека првпат
работи со Дејан Пројковски, со кого на стартот
почуствувала дека е на иста бранова должина.
– Тежината на задачата беше да го задржиме
препознатливиот стил на Коле Чашуле, а јазикот кога е
пишувана дрмата во 1960 да не звучи анахроно, туку да
биде во едно денешно време, успевајќи да ги задржиме
анахраизмите благодарение на актерите. Не сакав
поинаку да звучи, туку современо текстот, благодарение

на осетот на колегите, кои на суптилен начин го заддржаа
изразот на Чашуле, а јазичните интервенции суптилно ги
внесуваа – рече Лидија.
-Чашуле е генијалец, во ремарката го има тоа.
Македонецот не е свесен дека и по 30, 100 години пак го
бира Христов и сака да биде „онаден“. Сите не боли тоа
на ист начин, сакаме да се оградиме, ама ние сме тоа.
Претставата е гадна и прво требаше да го убие
Македонецот во мене за да го градам ликот на Луков –
рече Степанулески.
За претставата „Челинџ“ на Театар за деца и младинци,
модераторот Милош Б. Андоновски прво побара
присутните да ги изразат своите впечатоци и перцепции за
претставата која се одигра на сцена 105. Според
театролгот Ана Стојаноска, театарот треба да говори,
зашто публиката тоа го бара.
-Во претставата се гледа тоа што децата, а ние не
забележуваме, го гледаат, го перцепираат. Како театар
правите голема работа што говорите за темите на кои ние,
другите, забораваме, рече Стојаноска.
ДЕНЕС на програмата:
8.6.2026 (понеделник)
10:00 Саат-кулата
Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор“ и „Јавен простор“ –
Прилеп)
12:00 НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Разговори на тркалезна маса
17:00 Веган и вегетаријански ресторан/бар „Аура“
Научна трибина – „Помеѓу отворениот дијалог и удобниот
молк: театарот и општеството“
19:00 Центар за култура „Марко Цепенков“
АМАДЕУС
НУ ТУРСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ
Времетраење: 120 минути

Разговори на тркалезна маса за претставата „Амадеус“
21:00 Центар за култура „Марко Цепенков“ (105)
ВИЛИЦАТА НА ИБЕН БАЈЕРС
Продукција „Штрих“ – Скопје
Времетраење: 95 минути

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content