Мицкоски: Наследедивме големи проблеми поради децениска политика и бугарската блокада

„Не знам. Тоа прашање ќе треба ним да им го поставите затоа што, претпоставувам, таа политика трае со децении. Не е тоа политика што е од денес почната, за жал, некои претходни политички елити кај нас тоа не успеаја да го препознаат и беа кратковиди и, претпоставувам, лекомислени или се водеа од личните интереси мислејќи дека ако потпишат бел лист хартија, сите проблеми ќе бидат решени. Тоа така не оди во реалниот свет и во реалната политика. За жал, направија големи проблеми и ќе треба овие проблеми да ги решаваме и ги решаваме еден по еден. Но, ќе се бориме, впрочем тоа е нашата задача, да се бориме. Ништо во животот не доаѓа бргу и лесно, за сè треба да се изборите и да победите. Сме покажале дека знаеме да победуваме, ќе победиме и овој пат, само замолувам за трпение“, изјави Мицкоски, кој присуствуваше на отворање нова фабрика на „Макпрогрес“ во Виница.

Премиерот Мицкоски завчера изјави дека Акцискиот план за малцинства е готов, усогласен со експерт од Европската комисија и неофицијално е усогласен со дваесет и шест земји членки, освен со една, која е против да бидеме и дел од иницијативата „Трите мориња“.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content