Стефановски за Конгресот на СДСМ: Испратени се несихронизирани пораки, социјалдемократијата треба да има друг фокус

„Она што мене ми по привлече вниманието е несихронизираните пораки кои ги испраќа Венко Филипче и СДСМ. Дефинитивно треба Филпче да посети некој ПР курс ако не можат неговите да му помогнат во однос на тоа. Едноставно во фокус не беа шестте столбови кои евентуално би биле реални одговори и решенија на проблемите на граѓаните. Јавноста нема увид кои се тие шест столбови и кој е бенефитот од нив за државата“, вели политичкиот аналитичар, Милан Стефановски за вчерашниот партиски конгрес новата програмска платформа на СДСМ.

Според него, Филипче е насочен само кон критика на ВМРО-ДПМНЕ во делот на надворешната политика или поконкретно за прашањето со Бугари.

-Но, за тоа треба да се има човечки и професионален интегритет. Едноставно социјалдемократијата треба да има друг фокус. Се поставува прашањето со што е претседателот на СДСМ задолжен во Софија за да ги остави идеолошките и граѓанските коцепти на СДСМ на страна. Конгресот можеби бил со работни содржини за кои јавноста не е запознаена заради тоа што Венко и СДСМ го обликуваат јавниот дискурс со македонско-бугарските односи, порачува Стефановски во разговор за „Локално“.

За соговорникот, залуден би бил притисокот за некој кој, како што вели, го посеал семето на проблемот во однос на тоа што ние имаме активно вето од Бугарија, само затоа што СДСМ сервилно пристапи кон разговорите и преговорите во однос на Договорот за добрососедство.

-Државата има јасен државен план и тоа се гледа по рефорската агенда и финансиските бенефити кои ги има Македонија од ЕУ по однос на тоа, дополнително оваа Влада има мандат од граѓаните за силен фокус на реформи и исполнување на копенхашките кретериуми како основен вредносен код за членство во ЕУ. Изговорите во времето кога СДСМ преку Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство кои ја понижија Македонија и не и донесоа членство во ЕУ, завршија тогаш кога граѓаните пред извесен период двапати го казнија СДСМ,а му дадоа мандат на ВМРО ДПМНЕ да ја носи државата достоинствено во институциите и организациите кои се базираат на основни демократски вредности како што е впрочем самата ЕУ. Едноставно СДСМ во овој момент нема мандат ниту образ да зборува за оваа тема, порачува Стефановски.

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на новинарско прашање за евроинтеграциските ставови на СДСМ, изнесени на партискиот конгрес, изрази жалење што партијата продолжува да биде меко ткиво во македонскиот национален идентитет.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content