УАПСЕН МАЖ ОД ЗАЈАС: Управувал возило со изречена забрана и под дејство на алкохол

На 05.06.2026 година во 23:55 часот, на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Р. (55) од кичевското село Зајас.

При контрола во патниот сообраќај, било сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал приведениот. Притоа, полициските службеници констатирале дека тој имал активна забрана за управување моторно возило од „Б“ категорија.

Дополнително, при извршено алкотестирање, кај него биле утврдени 0,90 промили алкохол во крвта.

Лицето било исклучено од сообраќај, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content