Апел за почист град!

Kомуналните работници од ЈКП  Комуналец Прилеп, интензивно работат на темелно чистење на коритото на Градската река собирајќи отпадоци донесени со последните врнежи од дожд, но и од отпад несовесно исфрлан од граѓани и деловни субјекти на зелените површини од градската река и во нејзиното корито.

Од општината апелираат до граѓаните и сопствениците на бизниси кои гравитираат околу Градската река, отпадот да се собира и да се предава на комуналните работници, наместо да се фрла во реката и јавните зелени површини. Во текот на само три дена, комуналните служби собрале вкупно 98 црни вреќи со отпад, што, според надлежните, укажува на потребата од подигнување на јавната свест и културата на живеење.

„Секој отпад има свое место. Во општината на речиси секој чекор е поставена соодветна комунална инфраструктура за одлагање отпад, потребни се само одговорност и грижа за заедничкиот простор“, порачуваат од надлежните служби.

Од општината упатуваат апел за поголема грижа и љубов кон градот, со цел зачувување на животната средина и уредување на јавните простори.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content