Претседателот на Собранието ја продолжува официјалната посета на Италија

101

Продолжува посетата на претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши на Италијанската Република.

Согласно програмата, предвидени се средби со Лоренцо Фонтана, претседател на Долниот дом на Парламентот, со сенаторката Ема Паванели и членовите на билатералната група за соработка со државите од Балканот, со претседателот на Комисијата за надворешна и европска политика, Џулио Тремонти и членовите, како и со претседателот на Комисијата за ЕУ политики, Алесандро Џиљо Виња, и членовите.

Во рамки на програмата, генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска ќе оствари одделна средба со Фабрицио Касталди, генерален секретар на Домот на пратеници на Парламентот на Италијанската Република.

Во Амбасадата на Македонија во Рим, македонската делегација предводена од претседателот на Собранието ќе оствари средба со претставници на дијаспората.

Во составот на делегацијата се Благица Ласовска, Димитар Ковачевски, Мимоза Муса и генералната секретарка Марина Димовска.

 

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content