МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО СРБИЈА – ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И АЗБУКА

99

3 мај 2025 година, Ниш, Србија – Здружението на Македонците “Вардар“ во Ниш и Националниот совет на Македонците во Србија организираат одбележување на Денот на македонскиот јазик и азбука!

Придружете ни се заедно да го прославиме овој многу важен ден за нас. Прославата е збогатена со разновидна програма: културно-уметнички дел, предавање за македонскиот јазик, прикажување на краток документарен филм “20 години – Национален совет на Македонците во Србија” и отворање на фото изложба!

Прославата ќе се одржи на 5 мај 2025 година, понеделник, со почеток во 19:00 часот во Нишкиот културен центар во Ниш, на улуца “Станоје Бунушевац” бб.

Влезот е бесплатен – добредојдени се сите добронамерници. Повелете Ве чекаме!

За 20 години постоење на Македонскиот национален совет во Србија, Македонците во Србија: одбележуваат 4 национални празници на Македонската заедница во Србија во текот на годината; организираат 7 културни манифестации од посебно значење за Македонската заедница во Србија во текот на годината; формираа 9 установи важни за заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет, наследство и престор; формираа Центар за заштита и афирмација на македонските традиции и идентитет “Тоше Проески”; формираа Друштво на ликовни уметници Македонци во Србија; основаа Фондација “Македонско сонце”; софинансирани се повеќе од 400 настани за значајни датуми, настани и личности од културата и историјата на Македонскиот народ од Суботица до Врање.

За 20 години постоење на Македонскиот национален совет во Србија, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик се употребува во: општина Пландиште со 13 населени места; село Јабука, општина Панчево; село Качарево, општина Панчево; јвните исправи се издаваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

За 20 години постоење на Македонскиот национален совет во Србија, во областа на информирањето: основана е Новинско-издавачка установа “Македонски информативен и издавачки центар”; се издаваат 2 месечни списанија на македонски јазик и 1 списание за деца; се издаваат 2 квартални списанија; отпечатени се над 60 книги поезија, проза, преводи и монографии; формирана е редакција на македонски јазик на Покраинскиот јавен сервис; неделно се емитуват 3 ТВ емисии; постојат 2 радио емисии неделно; формирано е Македонско здружение на новинари МАК-ИНФО; се одржуваат 3 портали на македонски јазик; излегува 1 подлисток на македонски јазик во весникот “Панчевац”.

За 20 години постоење на Македонскиот национален совет во Србија, во областа на образованието: од 2021 година воведен е изборен предмет “Македонски јазик со елементи на националната култура”; усвоени се наставни планови и програми за основно и средно образование на македонсии јазик; настава на македонски јазик се изведува во 10 основни учлилишта со 10 наставници за 300 ученици Македонци; издадени се 3 учебници, а 4 се во процедура за издавање; основана е Фондација “Македонски училишен центар” во Србија; формирани се 5 установи од значење на македонската заедница во Србија; доделени се 18 стипендии за школување на припадниците на Македонската заедница во Србија.

За 20 години постоење на Македонскиот национален совет во Србија формирани се: 21 македонско здружение; 5 струкови македонски здруженија; еден Сојуз на македонските здружени; 2 фондации; и 1 новинско-издавачка куќа; отворени се 11 регионални канцеларии на Македонскиот национален совет во Србија; усвоена е Нациоинална стратегија на Македонската заедница за 2013-2023 година.

За 20 години постоење, Македонскиот национален совет во Србија има добиено “Повелба на Република Македонија” и “Медал за заслуги за Македонија”.

Во првиот мандат на Македонскиот национален совет во Србија 2004-2010 година, Електорското собрание броело 53 електори, била истакната 1 кандидатска листа, Македонскиот национален совет броел 21 член, а одржани биле 25 седници.

Во вториот мандат на Македонскиот национален совет во Србија 2010-2014 година, Електорското собрание броело 72 електори, била истакната 1 кандидатска листа, Македонскиот национален совет броел 23 члена, а одржани биле 19 седници.

Во третиот мандат на Македонскиот национален совет во Србија 2014-2018 година Електорското собрание броело 84 електори, биле истакнати 2 кандидатски листи, Македонскиот национален совет броел 23 члена, а одржани биле 16 седници.

Во четвртиот мандат на Македонскиот национален совет во Србија 2018-2022 година Електорското собрание броело 79 електори, била истакната 1 кандидатска листа, Македонскиот национален совет броел 23 члена, а одржани биле 25 седници.

И во петтиот мандат на Македонскиот национален совет во Србија 2022-2024 година Електорското собрание броело 59 електори, била истакната 1 кандидатска листа, Македонскиот национален совет броел 23 члена, а одржани биле 11 седници.

Светскиот Македонски Конгрес упатува искрени честити до членовите на Здружението на Македонците “Вардар“ во Ниш и Македонскиот национален совет во Србија за 20 годишното постење и постигнатите резултати.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content