Ѓорѓиевски: 22 нови капитални проекти за развој на Кисела Вода

98

Општина Кисела Вода аплицираше со вкупно 22 капитални проекти на јавниот повик за инфраструктурни инвестиции објавен од Владата на Република Македонија. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека овие проекти претставуваат суштинска инвестиција во подобрување на секојдневието на граѓаните, покривајќи сектори како здравство, образование, комунална инфраструктура и јавна безбедност.

Меѓу новите шест проекти се изградба на нова поликлиника, фекална канализација за населбата Бабин Дол, реконструкција на месните заедници во Драчево и Пинтија, доградба на спортска сала во ООУ „Кузман Шапкарев“ и јавно осветлување кон манастирот Пеленица.

На овие нови иницијативи се надоврзуваат и претходно поднесените 16 проекти, меѓу кои се реконструкции на улици, канализациски мрежи, мостови, училишта, спортски сали, како и изградба на нова улица и паркинг простор.

„Мојот народ заслужува! Искрено сум благодарен на Владата и премиерот Христијан Мицкоски за можноста да пријавиме конкретни решенија кои ќе значат подобар живот за секој граѓанин, без разлика каде живее“, порача Ѓорѓиевски.

Проектите се насочени кон поттикнување на локалниот економски раст и обезбедување еднакви можности за сите жители на Кисела Вода.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content