17 локали со неправилности – 9 останаа без лиценца

113

Од вкупно 23 правни субјекти со активна лиценца во делот на угостителството, кај 17 се утврдени неправилности. Од нив, на девет им се одземени лиценците, а кај осум се утврдени неправилности за исполнување на минималните технички услови кои треба да ги отстранат во одреден рок.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска на прес-конференција посочи дека овој рок им е даден затоа што инспекторите од Пазарниот инспекторат утврдиле дека се работи за технички услови кои може да бидат отстранети, а доколку тоа не го сторат тоа, лиценците ќе им бидат одземени.

– Контролите од ДПИ покажале дека може да се отстранат неправилностите и даден им е рок за отстранување – рече Дурмиши.

Во однос на Законот за угостителска дејност, Дурмиши информираше дека работна група веќе работи на измени на Законот и дека во опција се две можности – контролите да ги прави Пазарниот инспекторат или Комисија која ќе биде формирана од надлежни институции.

Со измените направени во 2008 година, се дозволи сопствениците на угостителски објекти под морална одговорност да потврдат дека ги исполнуваат мининалните технички услови за работа и тие податоци да ги доставуваат до Пазарниот инспекторат.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content