Дејан Јованов Деко, газдата на т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, каде во пожар загинаа 59, а беа повредени 203 лица е во фокусот на истражните органи, но и на јавноста.
Тој е еден од осомничените во истрагата за трагедијата и моментално е во притвор.
Деновиве полицијата прави претрес на неговите бизниси и имот, а на распит беа и неговата ќерка и сопруга.
Телевизијата Телма објави дека освен што бил дел од фирмата „Класик ДМ“, која лани отишла во стечај, а која долги години освен фирмата ММММ Кафе, ја менаџирала т.н. дискотеката, со неговото име има уште две фирми.
Едната е Монтажа Гоки ДООЕЛ Кочани, која е деловно неактивна, а другата е „Малибу“, која е во ликвидација.