Полицијата експресно го приведе насилникот кој тепаше бремена жена во живо на ТикТок

100

Од МВР потврдија дека насилникот кој тепаше бремена жена и го пренесуваше насилството во живо на ТикТок е експресно приведен и однесен во полициска станица.

Вознемирувачкото видео се прошири на социјалните мрежи, а извори велат дека насилникот не ја малтретирал само бремената жена, туку и нејзините деца. На снимката се гледа како насилникот постојано ја пцуе и тепа жената за која се тврди дека е бремена.

На социјалните мрежи се шират и други видеа од истиот насилник кој ја малтретира бремената жена, против истиот веќе има активен судски спор бидејќи претходно малтретирал и друга жена.

Вознемирувачкото видео може да го погледнете тука.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content