Пукано во социјална работничка од Прилеп, со повреди на стомакот веднаш е префрлена во болница

Вработена во прилепскиот Центар за социјални работи е ранета од огнено оружје денеска нешто пред 14 часот, во просториите на Центарот.

148

Ранетата службеничка веднаш е пренесена во прилепската болница и според првичната информација од директорот на болницата, таа е во стабилна состојба.

Од службата за итна помош биле повикани во Центарот да укажат помош во 13:55 часот. Според началникот на Итната помош, Боше Милошески, 38-годишната социјална работничка има прострелна рана од куршум во стомакот.

Јавен обвинител и полицијата вршат увид во просториите на Центарот и наскоро најавија информации за случајот и напаѓачот, кој неофицијално, подолго време ја демнел.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content