(Видео) Македонската амбасадорка во Бугарија: Промената е неизбежна, има голема корупција

104

„Промената во Република Македонија е неизбежна. Општеството сака чистење на системот и одговорност“. Ова го истакна амбасадорот на Република Македонија во Бугарија, Агнеза Руси Поповска.

„Ова не е прв трагичен случај во РСМ, имало и други, но не од вакви размери. Има сериозни основи за постоење на корупција. Македонското општество сака чистка. Сака промена во работата на институциите за да работат поправедно“, изјави амбасадорот за бТВ.

Таа нагласи дека граѓаните бараат да се искорени корупцијата и одговорните за трагедијата во Кочани да одговараат.

„Немилосрдна борба против сите коруптивни практики мора да има“, додаде амбасадорката Поповска. Според неа, токму тоа ветила Владата во Скопје дека ќе го направи.

Дипломатот им се заблагодари на сите бугарски институции и обичните граѓани за помошта и солидарноста дадена во овој тежок момент за земјата.

На 16 март во пожар во дискотеката „Пулс“ во градот Кочани загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени. 14 од повредените во трагедијата моментално се сместени во бугарските болници.

„Во Бугарија денеска е прогласен Ден на национална жалост во знак на солидарност со нашите браќа Македонци“, објави БГНЕС.

Во знак на почит и солидарност, по повод трагичниот пожар што го зафати Кочани, во просториите на Македонската Амбасада во Софија вчера беше отворена Книга на жалост, каде граѓаните ќе можат да изразат своја поддршка и сочувство.

Книгата ќе биде достапна од 17 до 21 март, во периодот од 9.30 до 12 и од 13.30 до 15.30 часот.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content