ЕУ подготвена да и помогне на земјава околу трагедијата во Кочани

103

Европската Унија е подготвена да помогнеме на Македонија во справување со последиците од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, изјави за МИА портпарол на Европската комисија.

Подготвени сме да помогнеме преку нашиот Механизам за цивилна заштита, доколку тоа биде побарано, посочи портпаролот, при тоа изразувајќи жалење за трагедијата.

Во врска со пожарот се огласи и еврокомесарката за еднаквост, подготвеност и кризен менаџмент Хаџа Лабиб која изрази жалење за жртвите и изрази солидарност со земјава.

Трагедија во Кочани, Македонија, каде што катастрофален пожар во ноќен клуб резултираше со голем број жртви и повредени. Нашите мисли се со жртвите, нивните семејства и тимовите за итни случаи. ЕУ е подготвена да даде поддршка. Солидарни сме со Македонија, наведе Лабиб во објава на Икс.

Претходно изрази на сочувство, солидарност и тага изразија и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателките на Европската комисија и на Европскиот парламент, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Најмалку 59 лице загинаа, а 155 се повредени во пожар што се случи минатата ноќ во ноќен клуб во Кочани.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content