ДИСКОТЕКАТА РАБОТЕЛА СО ФАЛСИФИКУВАНА ЛИЦЕНЦА

97

Дискотеката „Пулс“ во Кочани што се запали ноќеска и во која загинаа 59 млади, а 155 беа повредени, работела со фалсификувана лиценца, дознава Плусинфо.

Фалсификуваната лиценца била издадена во времето кога министер за економија бил Крешник Бектеши од ДУИ.

Објектот во кој била сместена дискотеката е изграден во 1999 година.

– Нашите двајца инспектори се на лице место и утврдуваат дали се запазени законските обврски при изградбата на овој објект. Легализиран е во 2005 година. Дали имал пренамена, тоа ќе го утврдат нашите инспектори заедно со јавниот обвинител – рекоа од Дирекцијата за заштита и спасување за ТВ 24.

Прашање е и дали за објектот е направен елаборат за противпожарна безбедност.

Според првите информации, пожарот настанал поради употреба на пиротехнички средства за време на настапот на групата ДНК.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content