Андреј од ДНК загина во пожарот во дискотеката во Кочани

110

Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот. Тој, според нашите информации, имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот кога и го загубил животот.

И младиот музичар, тапанарот Ѓорѓи Горгиев од Струмица го загуби животот во трагичниот пожар што избувна рано утринава во дискотека во Кочани. Сѐ уште се трага по вонр.проф.м-р од Факултетот за музички уметности, Сара Пројковска, која е пратечки вокал во ДНК.

На својот профил на Инстаграм, Андреј Ѓорѓиески со гордост го најави настапот на ДНК во Кочани вчера.

„После точно една година, оваа сабота (15.03) гостуваме во клубот “Пулс” во кој секогаш сме добредојдени, и кој ја има една од најдобрите публики“, напиша тој.

Според последните информации од МВР, животот во дискотеката „Пулс“ го загубија 59 луѓе, откако поради пиротехнички средства, се запали дел од опремата на таванот, а потоа дел од таванот се срушил врз присутните. Голем број луѓе загинаа и во стампедото што се создало при обидите за бегство.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content